Иницијалната јавна понуда на Alibaba ќе биде најголема во историјата, тврди основачот на компанијата, Џек Ма.
“Ова е првпат да се случи толку голема иницијалната јавна понуда (ИПО) со историски димензии надвор од Њујорк“, изјави Ма.
Цената на акцијата за иницијалната јавна понуда ќе се утврди неделава.
Извори блиски до Alibaba велат дека ИПО ќе вреди 35 милијарди долари, што би било повеќе од 29,4 милијарди долари, што беше претходниот рекорд од декември минатата година, на Saudi Aramco.
Оваа компанија за електронска трговија остварува околу 80% од целата онлајн продажба во Кина. Иако компанијата обезбедува и други интернет услуги, Alibaba генерира повеќе од 80% од своите приходи на три платформи за трговија, каде продава сè, од игли за шиење до мебел и производи за деца.
Минатата година оствари промет од околу 248 милијарди долари, додека бројот на активни корисници се зголеми за 14%, на 230 милиони, повеќе отколку што имаат заедно Amazon и eBay.
Фото: Facebook











