Alibaba ќе инвестира во China Business News

46

The logo of Alibaba Group is seen inside the company's headquarters in Hangzhou

Најголемата кинеска компанија за електронска трговија Alibaba најави дека ќе инвестира околу 200 милиони долари за удел од 30% во медиумската куќа China Business News, што е дел од Shanghai Media Group, пишува Wall Street Journal.

Планирано е двете компании да развијат база на финансиски информации, што ќе може да ги користат статистичките податоци на Alibaba, како што се, на пример, продажните трендови.

Оваа соработка следи по договорот меѓу Alibaba и Shanghai Media group во ноември минатата година со цел заеднички да работат на финансиски услуги и бизнис вести.