Алкалоид добитник на Кристално ѕвоно за најтранспарентна компанија на берза

49

Фото: Facebook

Фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје ја доби наградата Кристално ѕвоно за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје, за 2018 година.

Наградата беше доделена во рамки на 20-тата годишна конференција во организација на Македонска берза АД Скопје, одржана на 29-ти март 2019 година.

Оваа награда го потврдува високото ниво на корпоративно управување во компанијата, како и транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто.