Алкалоид инвестира 1,8 милиони евра во Алкалоид ДОО Белград

35

Фармацевтската компанија Алкалоид на 21-ви октомври изврши дополнително вложување во Алкалоид ДОО Белград во висина од 1,8 милиони евра, стои во соопштение објавено на Македонска берза.

“Алкалоид АД Скопје континуирано вложува во освојување на поголемо пазарно учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел на 21.10.2019 година изврши дополнително вложување во Алкалоид ДОО Белград, друштво кое е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје, по пат на зголемување на основачкиот влог. Станува збор за инвестиција вредна 1.800.000 евра наменета за проширување на производните капацитети во производниот погон на Алкалоид во Република Србија“, велат од компанијата.

Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото.

Фото: Pixabay