Алкалоид ќе исплаќа дивиденда за 2014 година на своите акционери

20

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид ќе започне со исплата на дивиденда за 2014 година од 20.05.2015 година, се наведува во предлог одлуката за дивиденден календар објавена на Македонска берза.

“Согласно Одлуката за употреба и распоредување на нето добивката остварена по годишната сметка за 2014 година, на акционерите им се исплатува дивиденда за 2014 година во висина од 189 денари нето, односно 210 денари бруто, за една акција. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите“, се наведува во предлог одлуката.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2014 година е 21.04.2015 година, додека прв датум на тргување без право на дивиденда за 2014 година е 22.04.2015. Датум на стекнување на право на дивиденда за 2014 година е 24.04.2015.