Aлкалоид, Комерцијална банка и НЛБ банка добитници на наградата Кристално ѕвоно за 2018 година

23

Во рамките на 20-тата Годишна конференција на Берзата што се одржа на 29-ти март во Охрид, Македонската берза по дванаесетти пат ја додели наградата Кристално ѕвоно за најтранспарентни котирани акционерски друштва.

Беа доделени награди на три друштва од вкупно 105 котирани акционерски друштва на Македонска берза АД Скопје кои беа оценети како најтранспарентни во 2018 година.

Согласно оценките на Изборната комисија за најтранспарентни котирани друштва на Македонската берза за 2018 година се избраа: Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ Банка.