Алкалоид одбележува 85-годишен јубилеј

238
Фармацевтската компанија, Алкалоид годинава го прославува својот 85-годишен јубилеј.
“Влегувајќи во годината кога го прославуваме својот 85-годишен јубилеј, се навраќаме на патот кој сме го изоделе во изминатите децении и ја трасираме својата иднина.
Нашата развојна визија нè позиционираше на над 30 извозни пазари, а од нашиот фокус никогаш не изостана и растот дома. Нашето постојано тежнеење кон поздрав свет и довербата која ја стекнавме во изминатите 85 години докажаа дека Алкалоид создава врвни брендови и производи со неприкосновен квалитет.
Овој јубилеј е доказ дека нашата компанија цврсто гази по патот на успехот, а наша основна определба и појдовна точка на секојдневното работење останува ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЀ“, пишува на официјалната Facebook страница на компанијата.
Фото: Facebook