Алкалоид оствари нето добивка од над 439 милиони денари за девет месеци

12

alkaloid

Фармацевтскиот гигант Алкалоид оствари нето добивка од 439.873.000 денари во период од јануари до септември оваа година, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата оствари нето добивка во висина од 423.868.000 денари.

Приходите од продажба на Алкалоид, за девет месеци, се на ниво од 5.549.571.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 2.370.774.000 денари, додека остатокот од 3.178.797.000 денари се реализирани на странски пазари.

Во истиот период минатата година, компанијата оствари 5.124.877.000 денари приходи од продажба, од кои на домашен пазар отпаѓаат 2.267.628.000 денари, а 2.875.249.000 денари се реализирани на странски пазари.

Алкалоид за девет месеци од оваа година оствари и 54 нови вработувања.