Алкалоид прокнижи 738,6 милиони денари добивка за девет месеци

22

Фармацевтската компанија Алкалоид, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 738.605.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

“Остварената консолидирана нето добивка во 2019 година изнесува 738.605.000 денари и во споредба со остварената во 2018 година бележи зголемување за 26%“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември, достигнаа вредност од 8.266.093.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар продажбата достигна 2.867.199.000 денари, додека на странски пазари реализацијата беше на ниво од 5.398.894.000 денари.

“Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – септември 2019 година изнесуваат 8.414.626.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 14%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 15%“, стои во Образложението.

Во периодот јануари – септември оваа година во Алкалоид се реализирани 127 нови вработувања.

Фото: Pixabay