Алкалоид прокнижи добивка од над 629 милиони денари во 2014

20

alkaloid

Алкалоид оствари добивка во висина од 629.127.000 денари во 2014 година, покажуваат неревидираниот консолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Претходната 2013 година, Алкалоид евидентираше добивка од 619.833.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2014 година изнесуваат 5.783.738.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 2.354.085.000 денари, додека на странски пазари се остварени 3.429.653.000 денари.

Вкупните инвестиции во основни средства во 2014 година изнесуваат 477.179.000 денари, се наведува во Образложението за остварените резултати на компанијата. Во периодот од јануари до декември оваа година во Алкалоид се реализирани 72 нови вработувања во земјава.