Алкалоид со известување до своите акционери за исплата на дивиденда

166

Фармацевтската компанија„АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 15.5.2024 година ќе врши исплата на дивиденда за 2023 година.

Право на исплата на дивиденда за 2023 година имаат сите акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на 18.4.2024 година.

Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2023 година кои немаат доставено податоци за своите трансакциски и жиро-сметки да се јават во друштвото најдоцна до 8.5.2024 година на телефонскиот број (02)3104-252 – Реферат за акционерство и имотни прашања“, се вели во објавата од компанијата.