Алкалоид со најголем раст на пазарната капитализација во последниот квартал

38

Пазарната капитализација на друштвата кои го сочинуваат индексот МБИ10 во четвртиот квартал од 2020 година бележи раст од 2,74% во однос на претходниот квартал, покажува Кварталниот извештај на Комисијата за хартии од вредност.

Анализирано по друштва, кварталниот раст пред сѐ се должи на зголемувањето кај цените на акциите на Алкалоид, Комерцијална Банка и на Макпетрол. Од друга страна, цените на акциите на Стопанска банка Битола и на Македонски Телеком Скопје забележаа мал пад во последниот квартал од 2020 година, со што се прекина позитивниот тренд што постоеше од претходните два квартала.

Кварталната динамика на пазарната капитализација укажува на целосно закрепнувањe на силниот пад регистриран во првиот квартал, којашто доведе до минимален годишен раст од само 1,2%. Сепак, анализирано по одделни акции, на годишна основа со исклучок на Алкалоид, Комерцијална и на НЛБ Банка, кај сите останати акции-елементи на МБИ-10 е забележано надолно поместување на нивната пазарна вредност. Најдлабок двоцифрен пад на пазарната капитализација од скоро 26% беше забележан кај Македонијатурист, додека пак, најголем раст од скоро 11% се забележува кај Алкалоид.

Фото: Freepik