AllWeb: Влезниците по Early Bird цена се достапни само уште пет дена

23

По седми пат во Скопје ќе се соберат најдобрите маркетинг говорници за да ги споделат најновите трендови и предвидувања во дигиталните комуникации. На сцената на AllWeb, конференцијата за дигитални комуникации, покрај веќе најавените ќе застанат и Роџер Едвардс, домаќинот на популарниот подкаст Маркетинг и финансии, Недим Шабич- експерт за оптимизација на Интернет пребарувачи и Горјан Јовановски, од Booking.com.

Централната тема на конференцијата е дигитална трансформација, но организаторите најавуваат презентации и дискусии и за иднината на (социјалните) медиуми и за други актуелни теми од светот на маркетингот и онлајн комуникацијата.

“По успешното трето издание на AllWeb во Тирана, Албанија, среќни сме да најавиме уште тројца говорници на годинешната конференција во Скопје, што ќе се одржи на 16 ноември“- вели Дарко Булдиоски, програмски директор на AllWeb.

Влезниците за конференцијата се веќе во продажба преку allweb.mk.  Поради големиот интерес, рокот за купување на EarlyBird влезниците, кои се со 50 евра пониска цена од регуларните, е продолжен за дополнителни пет дена и истекува на 19 октомври.

Организаторите досега го потврдија учеството на Мет Десмајер- директор на компанијата за стратешки комуникации Wise Old Uncle, Драган Варагиќ- консултант за дигитална трансформација и автор на книгата Дигитален Пре-маркетинг и Владимир Тошиќ- менаџер за дигитални комуникации во The Coca-Cola Company за југоисточна Европа.Во наредниот период ќе бидат објавени имињата и на останатите говорници.