Alpha Bank Групација – Волонтерски ден 2014

20

alfa banka

Алфа Банка, во рамки на своите активности за корпоративна општествена одговорност и напорите за подигање на свеста околу општествените и еколошките прашања, секоја година организира Волонтерски ден во земјите каде што е присутна групацијата.

Оваа година, Алфа Банка АД Скопје успешно го организираше Волонтерскиот ден – 2014 со отворање на првата хуманитарна продавница за социјално загрозени лица во партнерска соработка со Црвениот крст.

Проектот започна во 2013 година, кога Алфа Банка АД Скопје донираше шест контејнери за користена облека, а заврши во мај оваа година, со официјалното отворање на хуманитарната продавница.

Вработените во Алфа Банка АД Скопје донираа облека, чевли, играчки и постелнина и го поминаа денот селектирајќи и пакувајќи ги донациите за продавницата која што ќе функционира како центар за собирање и распределба на облека наменета за ранливите групи граѓани.

Активното учество на вработените од Банката и на нивните семејства ја потврдува заложбата на Алфа Банка Групацијата да спроведува активности за корпоративна општествена одговорност и да промовира тимска работа.