„Алта банка“ Белград го зголеми својот удел во „Алта банка“ АД Битола на 95,17%

Пазарот на капитал бележи нови промени кај акционерите со значителни удели. Согласно Глава 6 од Правилата за котација на Македонската берза, „Алта банка“ АД Битола информираше дека нејзиниот акционер од Србија,  АЛТА БАНКА АД БЕЛГРАД дополнително ја зацврсти својата позиција во сопственичката структура.

Според официјалното соопштение, акционерот „АЛТА БАНКА“ АД Белград се стекнал со нови 40 обични акции.
Со оваа последна трансакција,  банката сега поседува вкупно 372.114 обични акции, со што нејзиниот вкупен сопственички удел во „Алта банка“ АД Битола се искачи на високи 95,1754 %.