Amazon ангажираше 100.000 сезонски работници пред празниците

36

Amazon објави дека ангажирал 100.000 луѓе пред празниците, потврдувајќи го добриот бизнис на гигантот за електронска трговија.

Овие нови работни места на одредено време се додадени на најголемите кампањи за вработување на компанијата во последните месеци организирани како одговор на зголемувањето на нарачките преку Интернет од почетокот на пандемијата.Amazon имаше повеќе од 875.000 вработени ширум светот на крајот на јуни 2020 година.

Кон крајот на јули, кога ги објави резултатите, компанијата со седиште во Сиетл соопшти дека веќе отворила повеќе од 175.000 работни места од март, од кои 125.000 ќе станат постојани.

Во средината на септември, додаде уште 100.000 работни места во САД и Канада.

Повеќето од нив се работи во магацини, во подготвување пакети и испраќање на истите.

Во август, Amazon одлучи да ангажира 3.500 инженери, компјутерски научници и административен персонал во САД. Компанијата оствари доволно нето добивка за да инвестира.

Ситуацијата во Amazon е спротивна на ситуацијата во голем број големи компании тешко погодени од економската криза поврзана со пандемијата. Amazon редовно се обидува да го докаже својот позитивен придонес кон општеството.

Фото: Facebook