Amazon ги откри датумите за годинашниот Prime Day

27

Еден од најочекуваните шопинг настани во светот, Prime Day во организација на Amazon, оваа година ќе се одржи од 21 до 22 јуни.

Amazon го враќа својот шопинг настан Prime Day во вообичаениот распоред и ќе го одржи во текот на летото, откако го одложи на подоцнежен датум (во октомври) минатата година, поради пандемијата на коронавирусот.

Членовите на програмата за претплата на Amazon Prime ќе имаат пристап до над две милиони понуди во сите категории, рече потпретседател на Prime, Џамил Гани.

Prime Day за првпат беше организиран во 2015-та година и траеше 24 часа, а веќе од 2016-та година шопинг треската трае 48 часа.

Фото: Freepik