Amazon го одложува Prime Day

42

Еден од најочекуваните шопинг настани во светот, Prime Day што го организира Amazon, оваа година ќе биде одложен поради пандемијата од Ковид-19, пренесува CNN.

“Оваа година Prime Day ќе биде одложен за подоцна од вообичаено, додека ја обезбедиме безбедноста на нашите вработени и поддршка на нашите потрошувачи и продажни партнери“, велат од Amazon.

Пандемијата ги промени навиките на потрошувачите од што Amazon имаше голема корист повеќе од било кој друг бизнис, бидејќи акциите му пораснаа за 73% оваа година.

Prime Day вообичаено се одржува на средината на јули, а тој ден онлајн продавницата нуди огромни попусти. Овој продажен настан бара поголема безбедност, којашто во овој момент не може да се обезбеди и покрај тоа што Amazon во услови на пандемија вработи 175.000 лица. Потребата од толкави вработувања е да се одговори на зголемените нарачки на луѓето кои буквално ѝ се препуштија на електронската трговија.

Фото: Facebook