Amazon го започнува својот најголем проект за обновлива енергија

26
Американската компанија Amazon постигна договор за набавка на 380 мегавати (MW) енергија од ветер од Hollandse Kust Noord – електрана на ветер на брегот на Холандија.
Ветерната електрана ја развива The Crosswind, конзорциум на нафтени компании Royal Dutch Shell и Eneca, компанија во сопственост на јапонската Mitsubishi.

Аmazon посочува дека овој проект, наречен Amazon-Shell HKN Offshore Wind Project, е “неговиот најголем проект за обновлива енергија на едно место“.

Ветерната електрана се очекува да биде во функција до 2023 година со инсталирана моќност од 759 MW.