Amazon гради лабораторија за тестирање на своите работници од коронавирус

68

Компанијата Amazon соопшти дека ќе почне со изградба на лабораторија за тестирање на своите работници на коронавирус.

Оваа одлука дојде обид на компанијата да ги заштити работниците кои се во паника додека вирусот се шири во магацините на Amazon.

Во повеќе од 50 објекти во сопственост на Amazon во САД потврдени се случаи на коронавирус, според податоците коишто ги собрал Financial Times.

Amazon соопшти дека недостатокот на капацитет за тестирање ги отежнува напорите луѓето да бидат безбедни и економијата одржлива.

Оние кој ќе бидат позитивни на тестот можат да бидат ставени во карантин и за нив треба грижа, а секој кој ќе биде негативен на тестот, може да влезе во економијата со самодоверба, наведуваат од компанијата.

Amazon ги прераспоредува сопствените експерти за изградба на лаборатории и се надева дека наскоро ќе започне со тестирање.

Фото: Pixabay