Amazon отвори онлајн аптека

84

Американскиот гигант за онлајн продажба, Аmazon стартуваше сопствена интернет аптека Amazon Pharmacy, од каде може да се порачуваат лекови на рецепт.  

Новиот сервис можe да стане сериозен конкурент на обичните ланци на аптеки во САД поради пониски цени, а уште повеќе поради тоа што корисници на Amazon Prime ќе можат да порачуваат со бесплатна достава и други разни попусти. 

Во САД, во услови на пандемија, порачката на прехранбени продукти и лекови онлајн со достава на домашна адреса, станува мошне популарна. 

Сервисот на Аmazon стартува неделава во 45 сојузни држави, а потоа ќе стане достапен насекаде низ САД. За купување на лекови на рецепт корисниците треба да приложат рецепт што може да биде испратен од лекарот или корисникот може да побара пренос на рецептот во аптеката на Аmazon од која било друга обична аптека каде тој бил претходно испратен. Сепак, некои лекови чие тргување во САД е построго, не можат да бидат купени во Amazon Pharmacy

По стартување на Amazon Pharmacy, падна вредноста на акциите на многу фармацевтски куќи. Така, вредноста на акциите на најголемиот ланец на аптеки во САД, Walgreens Boots Alliance, се намали за 9%, кај CVS Health за 7,3%, а кај Rite Aid за 14%, додека пак цената на акциите на Amazon порасна за еден процент.

Фото: Pixabay