Amazon планира инвестиција “тешка“ две милијарди долари во Индија

33

Американската компанија Amazon преговара за зделка вредна две милијарди долари со индискиот мобилен оператор Bharti Airtel, пренесува Reuters.

Доколку се реализира оваа планирана инвестиција, Amazon ќе преземе околу 5% од акциите на Bharti Airtel, која што е трета најголема телекомуникациска компанија во Индија.

Разговорите меѓу Amazon и Bharti доаѓаат во време кога берзанските играчи инвестираат големи суми во дигиталната компанија Reliance Industries, којашто е сопственик на компанијата Jio, инаку конкурент на Bharti.

За компанијата на најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос, Индија е клучен пазар за раст, а каде досега има инвестирано околу 6,5 милијарди долари во зајакнување на своето присуство во сегментот посветен на електронска трговија.

Фото: Facebook