Amazon потврди дека отвора центар за дизајнирање и одржување на cloud инфраструктура во Хрватска

45

По две години подготовка, Amazon отвора канцеларија во Хрватска, каде што планира да вработи 15 лица. Ова е само втор Центар на еден од глобалните технолошки лидери во регионот ЕМЕА (земјите од Централна и Источна Европа и Африка), и ќе се занимава со проектирање и одржување на cloud инфраструктура.

Веќе е потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Хрватска и Amazon Web Services, со цел соработка во областа на дигитализација, дигитална трансформација, јавна администрација, иновации и дигитална писменост.

Компанијата потпиша и меморандум со други земји -членки на ЕУ, каде што исто така планира да се прошири.

„Овој договор дава рамка за соработка со владата, но и за хрватските граѓани со цел да се поттикне растот и развојот на работна сила подготвена да работи во „облак“, но и да ја поддржи желбата на Хрватска да ги модернизира информатичките технологии.

„Како дел од нашата понатамошна инвестиција во Хрватска, со задоволство можеме да објавиме дека ќе отвориме нова канцеларија за дизајн во Загреб, создавајќи нови работни места што ќе го поддржат развојот и бизнисот на услугите на Amazon во Хрватска“, рече потпретседателот на Amazon Web Services за јавниот сектор, Изабела Грегор-Чехович.