Amazon повторно ангажира голем број на професионалци

43

Компанијата Amazon објави дека планира да ангажира дополнителни 3.500 работници во градовите низ Соединетите држави. Овој потег го обврзува најголемиот гигант за онлајн трговија значително да го прошири деловниот простор во време кога другите во технолошката индустрија прифаќаат работа од далечина и го намалуваат канцеларискиот капацитет.

Новите ангажмани ќе придонесат во напорите на Amazon за понатамошен развој на работата во облак, рекламирање, дигитални асистенти, испорака на намирници и многу други области. Проширувањето на канцелариите ќе се случи во Њујорк, Далас, Детроит, Денвер, Феникс и Сан Диего, што ќе претставува инвестиција од 1,4 милијарди долари и повеќе од 905.000 квадратни метри дополнителен канцелариски простор.

Проширувањето во Њујорк доаѓа откако Amazon се откажа од плановите минатата година за изградба на втора централа во градот, поради спротивставување на локалното население. Овој потег е последниот пример за тоа како некои големи технолошки компании истовремено се обложуваат на иднината што вклучува канцелариска работа, додека продолжува да работи на развој на технологии кои ќе помогнат во работата од дома.

Со оглед на тоа што компаниите како Twitter овозможија постојана работа од дома, пример Google минимум до следната година, останува да се види како Amazon ќе ја развива својата деловна култура спротивно на новите трендови.

Фото: Freepik