Аmazon воведува опција за ценкање

26

Amazon.com Illustrations Ahead Of Earnings

Најголемата американската on line продавница, Amazon, воведува нова опција – Make an offer, која им овозможува на купувачите да понудат пониска цена од онаа што ја понудиле екстерните продавачи на сајтот, пишува Associated Press.

Продавачот, потоа, може да ја прифати или да ја одбие понудената цена.

Околу 150.000 производи ќе можат да се купат преку оваа нова опција, а меѓу нив влегуваат уметнички слики, потпишани спортски дресови, историски документи и други колекционерски производи, кои ги продаваат екстерни продавачи на сајтот на Amazon.

Купувачите преку опцијата Make an offer ќе можат да понудат пониска цена која се подготвени да ја платат. Потоа преку електронска порака продавачот се информира за понудената цена и истата може да ја прифати или отфрли. Кога “ценкањето“ ќе заврши, купувачот го става производот во корпата за купување.

Конкурентот на Amazon, eBay, веќе нуди можност надворешни продавачи да понудат свои производи по фиксни цени.