Американците добија пакет за економска помош од 900 милијарди долари

31

Претставниците на двете водечки партии во САД, демократи и републиканци, постигнаа договор за усвојување на пакет економски мерки во износ од скоро 1.000 милијарди долари.

Законот за економска помош поради кризата е донесе во услови на пандемија, но доцнел неколку месеци, па многумина почнаа да се сомневаат дали воопшто ќе биде усовоен. Но, разговорите се интензивираа во декември и пратениците од двете партии постигнаа договор пред да го напуштат Вашингтон, за време на новогодишните празници.

Законот ќе овозможи по 300 долари помош за невработени на неделно ниво, како и еднократна помош од 600 долари на сите државјани на САД, а бенефит ќе имаат и фирмите кои се најсилно погодени од пандемијата, како и училиштата и некои јавни установи.

Од друга страна, агенцијата Ројтерс пишува дека е постигнат договор за 900 милијарди долари помош, откако сенаторите на двете партии ги отстранија последните пречки за да се постигне договор.

Фото: Freepik