Американците добија препорака да не патуваат во 80% од земјите во светот

33

Американскиот Стејт департмент на граѓаните ќе им препорача да не патуваат во одредени земји, со што листата ќе се прошири на околу 80% од земјите ширум светот. Тоа ограничување е поради “ризик без преседан за патниците поради пандемијата“.

“Ова ажурирање ќе резултира со значаен пораст на земјите што ќе бидат опфатени со нивото 4 – Не патувај, на отприлика 80% од земјите во светот“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Таква препорака американските власти веќе имаат за 34 од околу 200 земји, вклучувајќи ги: Чад, Косово, Кенија, Бразил, Аргентина, Хаити, Мозамбик, Русија и Танзанија. На проширената листа ќе се најдат скоро 130 земји.

Поголемиот број Американци секако не можат да патуваат во повеќе европски земји поради воведените рестриктивни мерки заради пандемијата.

Фото: Pexels