Американец затаил две милијарди долари данок

17

Американските судски власти го обвинија Роберт Брокмен, милијардер од Хјустон, дека затаил данок во висина од две милијарди долари, што претставува огромен износ на даночна евазија во САД.

Седумдесет и девегодишниот Брокмен во 2000-та година инвестирал околу 300 милиони долари во приватен инвестиционен фонд. Милијардерот, како што пишува Financial Times, во 2004-та година ги зголемил инвестициите на милијарда долари, а обвинителите тврдат дека неговите “инвестиции“ биле со намера да се затаи данокот, односно да ги прикрие приходите што му ги носело вложувањето во фондот Vista Equity Partners.

Во обвинението се наведува дека Брокмен бил на чело на сложена шема од 1999-та до 2019-та година за прикривање на приходи, за да не плаќа данок.

Брокмен е сопственик на компанијата Reynolds and Reynolds, којашто се занимава со развој на софтвер за автомобили. Американските власти ќе му судат по седум точки, меѓу кои се даночна евазија, препродажба на долг од компанијата на себе, перење пари…, но по ниедна од тие точки не се смета за виновен.

Фотоп: Freepik