
Телекомуникациска компанија T-Mobile US во САД објави дека во следните пет недели ќе отпушти 5.000 работници.
Овие отпуштања првенствено ќе погодат речиси седум отсто од вработените, пред се средното раководство, изјави извршниот директор Мајк Сиверт во писмо до вработените, пренесува Си-Ен-Ен.
„Привлекувањето клиенти и нивното задржување е многу поскапо отколку што беше во претходните квартали“, додаде тој.
Во последниот квартален извештај, Т-Мобиле објави дека приходите му се намалени за 2,5 отсто во однос на истиот квартал лани. Акциите на компанијата паднаа за повеќе од седум отсто од август минатата година, а за дополнителни еден отсто по објавувањето на отпуштањата.