Американски Colt стана чешки

74

Чешкиот произвoдител на оружје, Ceska Zbrojovka Group (CZG) објави дека склучи договор за купување на американски Colt.

Colt е најпознат по револверот којшто на почетокот на 19 век го измисли Семјуел Колт. Ја снабдува американската војска со оружје подолго од 175 години, а клиенти му се и канадските оружени сили.

Чесите се подготвени да платат 220 милиони долари во готовина, како и повеќе од еден милион нови државни акции. Зделката сè уште не е одобрена од надлежните органи за конкуренција. Се очекува тој да биде готов во вториот квартал од 2021-ва година, кога Чесите ќе имаат бренд стар 175 години, којшто избегна банкрот во 2016-та година.

Фото: Facebook