Американски инвеститор ќе гради туристичка населба во Хрватска

65

dubrovnik-2247300_960_720

Фото: Pixabay

Милионерот Џеф Блекард од Тексас вљубеник во Хрватска и далматинското крајбрежје одлучи дел од своето богатство да го вложи во изградба на хотели, апартмани, вили и други атрактивни содржини на островот Пашман што се наоѓа на неколку километри северно од Задар објави Zadarski list.

Блекард, кој е сопственик на градежната компанија Блекард глобал, а истовремено е и инженер за просторно уредување, всушност бил и единствениот понудувач на меѓународниот повик за реализација на проектот што го распишала Општина Пашман.

Проектот Пашманска ривиера предвидува изградба на туристичка населба вредна половина милијарда евра, односно 600 милиони долари.

Проектот којшто се разработувал цели 15 години предвидено е да се реализира во наредните шест години, во две фази. Инвеститорот Блекард за возврат ќе добие концесија на 99 години на над 260 хектари на два залива (Солин и Жинчен) на јужниот дел од островот.

Пашман вклучува изградба на хотели, туристички апартмани и вили со пропратни содржини соодветни на планираниот комплекс којшто ќе треба да ги исполнува условите за туристички објекти со најмалку четири ѕвезди.

Инаку, Блекард, кој е и докажан филантроп, љубовта кон Хрватска и Далмација ја искажал пред неколку години во родниот Тексас каде изградил реплика на градчето Супетар што се наоѓа на островот Брач.