Американските акции во плус, поттикнати од растот на технолошките компании

Акциите на американските берзи беа во позитива на почетокот на вчерашното тргување и празничната недела, стимулирани првенствено од растот на акциите на технолошките компании.

Акциониот индекс Dow Jones порасна за 107 поени, или за 0,2 проценти, а S&P 500 и Nasdaq за 0,4 проценти, објави Trading Economics.

Растот на клучните акции поврзани со вештачката интелигенција му даде поттик на поширокиот пазар.