Американско – турски конзорциум ќе го гради автопатот Косово – Македонија вреден 820 милиони долари

70

avtopat

Министерот за инфраструктура на Косово, Фехми Мујота, изјави дека е потпишан договор од 820 милиони долари со американско – турскиот конзорциум Bechtel Enka, со цел да се изгради 60 километри автопат што ќе ги поврзе Косово и Македонија, пренесува Associated Press.

Министерот информираше дека работите почнуваат од денеска – втори јули.

Ова е втор поголем договор што го добива овој конзорциум на Косово, откако во 2010 година потпиша договор во вредност од една милијарда долари за изградба на автопат што ќе го поврзе Косово со Албанија.