АМСМ препорачува внимателно управување со возилата

20

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

Поради појава на магла, видливоста е намалена на следниве патни правци: Штип – Неготино oд 10 до 20 метри, Тетово – Јажинце до 30 метри, Дебар – Струга, Битола и Охрид до 50 метри, Куманово – Крива Паланка и Прилеп од 50 до 100 метри, Куманово – Свети Николе од 70 до 100 метри, Кочани – Виница – Берово од 80 до 100 метри, Дебар – Маврово, Тетово – Скопје, Тетово – Гостивар и Тетово – Попова Шапка до 100 метри и Македонски Брод до 150 метри.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15.11 2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2014 година.

За потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1, делница Неготино-Демир Капија, од 27.11.2013 започнаа геодетски активности за што е воведена времена измена на режим на сообраќај и за истата е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Времетраењето на измената ќе трае до 27.01.2014 г. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.
Продолжуваат теренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се во тек долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Крива Паланка. Извршена е времена измена на режимот на сообраќајот од исклучок за клучка Рафинерија, до исклучок за Скопје кај клучка Миладиновци, во должина од 2000 метри, при што сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента во правец на Скопје. Под времен режим на сообраќај ке биде и самата рампа од клучката Миладиновци, односно исклучокот кон Скопје.
Работите ќе се изведуваат во период од 07:00 до 18:00 часот, додека сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот е поставена 24 часа на горенаведениот дел од трасата.
На патниот правец Велес – Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза се од клучка Велес, крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино.
Возачите ги предупредуваме да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Патниот правец Р2 332, Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора за сообраќај на сите возила од 15.11.2013 до 31.03.2014год.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.