АМСМ: Состојба на патиштата

34

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
На патниот правец А-1 Гевгелија- Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Патниот правец Р2 332, Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора за сообраќај на сите возила од 15.11.2013 до 31.03.2014год.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.