АМСМ: Тековен сообраќај без забрани

16

Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. 

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од З.П. Кула до тунелот Катланово) сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. 

Во склоп на реконструкција на улицата Александар Урдаревски до 18.08.2014 до 22.08.2014 и од 25.08.2014 до 29.08.2014 , ќе се изведуваат инженерско-геотехнички работи на делницата од село Горно Оризари до клучката Бразда – Мирковци.

На 23.05.2014 год. започнa изведба на градежни работи Реконструкција и рехабилитација на патната секција Велес – Кадрифаково Фаза 2 : од депонијата Велес до село Лозово. 

На патниот правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. 

На патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите. 

АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.