Анџелина Џоли добива над осум милиони евра од уметничката слика

88

Најпознатото масло на платно што го наслика поранешниот британски премиер Винстон Черчил е продадено на аукција во Лондон за 8,1 милион евра, објави аукциската куќа Christie’s.

Претходно се очекуваше делото да достигне вредност од околу три милиони евра.

Станува збор за масло на платно, што Черчил го насликал по учеството на конференцијата одржана во Казабланка и му ја подарил на американскиот претседател Френклин Рузвелт.

Сликата на аукција на понуди американската актерка Анџелина Џоли, која ја доби на подарок од поранешниот сопруг Бред Пит.

Трговецот со уметнички дела, Бил Реј, од кого Пит ја купил сликата, рекол дека таа е дадена на еден од синовите на Рузвелт кој ја продал во 50-тите години на минатиот век. Сликата неколку пати го менувала сопственикот, а во 2011 година стана дел од колекцијата на позната холивудска брачна двојка.

Фото: Freepik