Anna – првата банка наменета за креативни бизниси

44

Велика Британија ја отвори првата банкарска услуга наменета за креативни бизниси наречена Anna и како што велат од таму, за нив првенствено е важен дизајнот, а потоа технологијата.

Банката ќе има примарна цел да им помага на малите фирми во Британија да ги решат административните проблеми, пишува Dezeen.

Anna нуди корисничка сметка и апликација што ќе може да издава фактури чија што целна група ќе бидат креативните бизнис од типот на дизајнери, уметници, хонорарни преведувачи и слично.

Главниот дизајнер Далит Синг за Anna вели дека тоа е всушност комбинација од деловна тековна сметка, дебитна картичка и хибридна услуга од човек и вештачка интелигенција којашто им помага на малите бизниси да управуваат со фактурирањето и плаќањата.

Anna се разликува од сличните банкарски услуги чии приоритет е технологијата. Сакајќи да го направи целото искуство што покреативно и поинтересно за корисниците, тимот вклучи животниски ликови и звуци. На пример, со секое плаќање со дебитна картичка се слуша звук “мјау“од заштитниот знак на банката, мачката, а кога се плаќа фактура, фигура на мачка прави интересни движења со нозете.

Фото Anna