Анталија меѓу топ пет светски дестинации

20

Топ пет дестинации во светот се Париз, Лондон, Њујорк, Анталија и Сингапур, објави Светската туристичка организација при ОН.

И додека САД и Франција и понатаму остануваат двете најголеми дестинации за патувања, експертите велат дека експлозивен раст на туризмот има во земјите како Гватемала, Доминиканската Република и Брегот на Слоновата Коска, кои пред една деценија не беа на светската туристичка мапа.

Во 2012 година, преку граница како туристи ќе патуваат рекордни една милијарда луѓе, според Светскиот совет за патувања и туризам.

Тоа значи дека еден од седум луѓе на планетата ќе биде патник во светот оваа година, активност која само пред неколку децении беше резервирана исклучиво за богатите.