Анталија може да загуби 1,5 милијарди долари поради намалениот број на туристи

42

Umbrella and Chairs on the Beach

Познатата турска туристичка дестинација Анталија може да загуби 1,5 милијарди долари приходи оваа година, пред сè поради намалениот број на туристи од Русија, пишува Хуријет.

“Бројот на туристи кои ја посетуваат Анталија во мај забележа пад од 11% во споредба со истиот период минатата година. Скоро 80% од овој пад е поради драматичното намалување на бројот на туристи од Русија. Се забележува и намалување на бројот на туристи од други земји како што се: Холандија, Австрија, Шведска, Франција, Данска, Норвешка, Белгија и Израел… Доколку продолжи трендот на намалување на бројот на туристи, загубата ќе биде 1,5 милијарди долари приходи оваа година“, изјави Давут Четин, претседател на Стопанската и индустриска комора на Анталија.

Хотелите во Анталија забележаа загуби од околу 55 милиони евра поради намалениот број на туристи во земјата.