Антикризна мерка: Спектакуларна прошетка низ автомобилски музеј

45

За најновото издание на антикризна мерка, магазинот Автоплус издвојува еден автомобилски музеј во којшто може да се пронајдат вистински ретки „дијаманти“.

Пандемијата на коронавирусот придонесе за еден навистина тежок период за автомобилската индустрија. Прогнозите за оваа година не се нималку добри, фабриките се приморани да ги испраќаат работниците дома, а ситуацијата не е лесна ниту за музеите.

Petersen Automotive Museum овозможува фантастичен поглед од вашиот дом. Ова уникатна обиколка започнува со Studebaker кочија од 1904 година којашто ја влечеле коњи, покрај Cadillac од 1903, напојуван со едноцилиндерски SUS мотор. Од Duesenberg со компресорски мотор, па до Rolls-Royce на Фред Астер, во видеото се става акцент на луксузните креации од 20-тите и 30-тите години на минатиот век, со практичниот Ford Model A Woody караванот.

Во релевантни примероци дефинитивно се вбројуваат првите два Honda автомобили увезени во САД и исклучително реткиот Mercedes 600 Landaulet, којшто бил во сопственост на Садам Хусеин. Станува збор за државничка лимузина со платнен покрив на склопување кој се пружа преку патничкиот оддел позади и цврст покрив напред.

Тука е прикажан и еден „папамобил“, заедно со првиот блиндиран претседателски автомобил и Ferrari 308 GTS, користен во популарната серија Magnum P.I. Наспроти минијатурната Honda N600 тука е џиновскиот Rolls-Royce Round Door, долг преку шест метри и тежок преку 3,6 тона. Во истата просторија се наоѓа и едно сосема поинакво возило, исто така раритет, а станува збор за Kaiser Darrin со лизгачки врати.

Petersen Automotive Museum, исто така, поседува еден од ретките позлатени DeLorean DMC-12, на кој му се приклучи „златно“ обоениот Ford Mustang, со кој се одбележа производството на 1.000.000 примерок. Тука исто така е и славниот Jaguar XJ220, со актуелните хиперавтомобили како McLaren P1 и Senna.

Преземено од Avtoplus.mk