Apiform – кошници што им помагаат на лицата со инвалидитет да одгледуваат мед

97

apiform

Младиот претприемач од Босна и Херцеговина, Харис Тахмишчиќ, создаде кошница за таканаречено седечко пчеларство, пишува Al Jazeera Balkans.

Тој дошол на оваа идеја откако запознал жена која, со огромни потешкотии, 45 години се занимава со пчеларство од инвалидска количка.

“Може да имате минимум три вакви кошници на вашиот покрив или тераса. Од тие кошници во некоја родна година може да извадите од 20 до 30 килограми мед“, изјави Тахмишчиќ од стартапот Apiform.

sedecko pcelarstvo

Во овој момент тој има порачка да постави кошници на 23-от кат на една зграда во Јапонија. Планира проектот за поставување урбани кошници за мед во Виена, Сараево и Белград, како и онлајн платформа за учење на пчеларството и органското производство.

Овој вид на кошници се први од таков вид во светот, а засега ги има само во Босна и Херцеговина. За неговиот изум, Тахмишчиќ доби прва награда за најдобра социјална иновација во Европа за 2015 година во Брисел.