Apple и Samsung после 7 години ја завршија борбата за патенти

21

Apple и Samsung конечно постигнаа договор по седум годишна битка за патент, пишува BBC. Со ова ставија крај на ривалството и несогласувањата во врска со дизајнот на смартфоните.

Договорот доаѓа откако на Samsung судски му беше наредено да му исплати на Apple $539 милиони долари како оштета за копирање на карактеристики на оригиналниот iPhone.

Борбата започна уште во 2011 кога Apple го тужеше својот Јужнокорејски конкурент од којшто бараше повеќе од 2 милијарди долари отштета.

Во 2012 на Apple по судска одлука му беа исплатени 1,05 милијарди долари отштета за копирани елементи од дизајнот. Samsung обжали дел од пресудата, носејќи го случајот до Врховниот суд со аргументи дека штетата треба да биде ограничена бидејќи “крадењето“ на патентот вклучува само одредени карактеристики.

Во 2016 со едногласна одлука Врховниот суд се согласи и на Samsung му донесе победа.

Но, судиите не досудија за самите патенти со што му ја доставија таа одлука на суд со понизок степен.

Таа битка се случи во мај и заврши со пораз за Samsung кој се тврдеше дека должи само 28 милиони долари. Наместо тоа поротата изрече сума за исплата во висина од 539 милиони долари, околу 140 милиони повеќе од сумата којашто првично беше обжалена од јужнокорејскиот гигант.