Apple ќе го намали планираното производство на iPhone за 20%

40

Американскиот технолошки гигант Apple ќе го намали планираното производство на сите iPhone телефони за околу 20 % во првата половина од годинава, спротивно на планот на компанијата објавен во декември, поради малата побарувачка, објави  весникот Nikkei.

Според весникот, американската компанија им соопшти на добавувачите кон крајот на минатата година да обезбедат компоненти и делови за до 96 милиони паметни телефони, вклучувајќи ги и целата серија iPhone 12, iPhone 11 и iPhone SE, во првите шест месеци од 2021 година. Сега, според најновиот план, Apple има намера да произведе околу 75 милиони единици.

Сепак, компанијата им соопшти на добавувачите дека сè уште планира да произведе 230 милиони iPhone телефони во 2021 година, што е за 11 % повеќе отколку во 2020 година, додава весникот.

“Оваа година сè уште не е лоша, но секако побарувачката во првата половина на 2021 година не е толку голема како што предвидуваа луѓето на крајот од минатата година“, изјави извор за Nikkei.

Фото: Pexels