Apple отвара прва пловечка продавница

49

Apple има стотици продавници ширум светот кои служат како изложбени, продажни и сервисни центри. Сепак, сега за прв пат ќе биде отворена нова продавница, која ќе биде изградена на вода. Компанијата ги потврди плановите за изградба на продавница во форма на топка во близина на ресортот Marina Bay Sands во Сингапур.

Продавницата ќе биде лоцирана на местото на “кристалниот павилјон“ каде порано се наоѓал ноќен клуб.

Apple ќе направи структура од стаклени панели кои ќе го рефлектираат небото над Сингапур во текот на денот, и ќе свети како фенер во текот на ноќта. Врската со копното ќе биде двојна – класичен мост ќе се поврзе со марината, а подводниот тунел ќе води до блискиот шопинг мол.

Ова ќе биде трета продавница на Apple во Сингапур. Првата продавница е отворена во 2017 година, а втората во 2019 година. Можеби е чудно што во момент на пандемија се отвора нова продавница, но компанијата има доволно пари кои може да ги инвестира во екстравагантни проекти.

Фото: YouTube Printscreen