Apple продаде повеќе од 40 милиони iPhone 13 за празничната сезона

104

Замислете ја сцената – божиќно утро е, откако ќе се разбудите возбудено „трчате“ до елката, за под неа, верувале или не, го најдете новиот iPhone 13. Иако некои не најдоа слично нешто, аналитичарот на Wedbush, Даниел Ајвс во една неодамнешна студија вели дека Apple продале дури 40 милиони свои нови смартфони во изминатата празнична сезона, па може да се претпостави дека многумина беа пријатно изненадени минатиот Божиќ.

Тие бројки се доста високи и за Apple, особено ако се земе предвид глобалниот недостиг на чипови.

Според Gizmochina, аналитичарите предвидуваат дека продажбата на iPhone 13 ќе продолжи да расте во 2022 година, бидејќи Apple не успеа да ја задоволи побарувачката во последниот квартал од минатата година. Во тој период побарувачката ја надмина понудата за цели 12 милиони единици. Од таа причина, аналитичарите велат дека понудата ќе се намали во следните два квартали, додека недостигот на чипови барем малку не се смири.

Да потсетиме, Apple ги лансираше моделите iPhone 13, 13 mini, 13 Pro и 13 Pro Max во септември 2021 година. И покрај малите визуелни промени и малите надградби на хардверот, освен повисоката стапка на освежување на моделот Pro и подобрата автономија, новите смартфони на компанијата се уште се барани.