Аpple – Прва компанија во светот која вреди 3.000 милијарди долари

67

Apple стана првата светска компанија која достигна вредност од 3.000 милијарди долари, објави CNN.

Технолошката компанија Apple на тој начин надмина уште една „магична“ граница. Вредноста на производителот на iPhone во понеделникот достигна вредност од 3.000 милијарди долари.

Поточно, акциите на Apple накратко достигнаа ново највисоко ниво – 182,88 долари по акција.

Да потсетиме, пазарната вредност на Apple ја надмина границата од 1.000 милијарда долари во 2018 година, а прагот од 2.000 милијарди во август 2020 година. Акциите на Apple во 2021 година зајакнаа за вкупно речиси 35 проценти.

Apple беше еден од големите победници на пандемијата, бидејќи блокадите поради коронавирусот доведоа до зголемување на побарувачката за гаџети.