Apple за новиот iPhone SE: Силен телефон со популарен дизајн

427

Технолошкиот гигант Apple ја претстави втората генерација на iPhone SE, со почетна цена од 399 долари, стои во официјалното соопштение.

“Првиот iPhone SE беше хит за многу корисници кои сакаат уникатна комбинација од мал, компактен телефон со одлични перформанси и прифатлива цена“, велат од Apple.

Овој модел на телефон корисни машинско учење за да детектира длабочина на слика и да препознава лица. Со својот изглед се враќа неколку години наназад и потсетува на популарниот iPhone 8 со 4,7 инчен екран. Големото home копче на дното на екранот потсетува на старата верзија на iPhone и во себе го има читачот за отпечаток од прст.

iPhone SE доаѓа во три нијанси – бела, црна и црвена, а во САД ќе биде достапен од 24-ти овој месец, а потоа и во 40 земји во светот.

Фото: Apple