Apple за три милијарди долари ја купува компанијата на раперот Dr Dre

20

dr dre

Apple го потврди потпишувањето на долгоочекуваниот договор за купување на компанијата Beats Electronics за три милијарди долари, пишува британски Guardian.

Beats Electronics е компанија што ја основаше познатиот рапер Dr Dre, а се занимава со производство на аудио опрема. Раперот, кој многумина го нарекуваат “првиот милијардер во хип – хоп музиката“, како и извршниот директор на Beats Electronics Џини Ловин, според договореното, ќе се приклучат кон Apple.

Големината и обемот на овој договор може да влијае на целта Apple постојано да прави сензации на пазарот. Компанијата се обидува да им покаже на инвеститорите и на јавноста дека можат да бидат иновативни и без Стив Џобс, без најава за нови и значајни прозводи уште од времето на лансирање на iPad пред неколку години.

Со оваа аквизиција, Apple се обидува да ги потсети инвеститорите и потрошувачите дека има чувство за иновации, креативност и новитети, како што беше создавањето на iTunes, што значеше голема трансформација за компанијата.

“Музиката е многу важен дел од нашите животи и има специјално место во срцето на Apple“, вели извршниот директор на компанијата, Тим Кук.