АППТ ќе биде дел од SEET 2018- South East Europe Tourism

9

Директорот на Агенцијата за туризам, г-дин Љупчо Јаневски на претстојниот настан SEET 2018 ќе биде панелист на тема: Aвтентичните дестинации и исклучителни искуства- предизвик за новите патувачи, заедно со Марија Лабович, директор на Националната туристичка организација на Србија, Нада Јованович директор на Туристичка огрзнизација на Република Српска, Јован Стојаноски градоначалник на општина Охрид и претставници од Хрватска и Цран Гора.

SEET 2018 – Туризам за Југоисточна Европа e 8-ма бизнис конференција која се одржува под покровителство на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија. Составена како синергија на неколку паралелни сегменти (Пленарна сесија, B2B средби, Тркалезна маса, Експо, …), SEET 2018 се фокусира на деловните интереси на учесниците. Агенцијата за туризам со своите претставници, предводена од директорот Љупчо Јаневски ќе учествува во сите сегменти и ќе даде придонес, со цел за подобрување на односите и поефикасна соработка со регионот. Идејата е искуствата и ресурсите да се применат во поефикасна артикулација од заеднички интерес за создавање на нови пазарни стратегии.

Сава Центар, Белград е местото каде туристичките професионалци и лидери од регионот ќе имаат можност да дискутираат, да споделат искуства и идеи за заедничко делување на повеќе теми: колку од дестинациите од регионот се конкурентни и дали се работи на стратешко позиционирање на туристичките дестинации во современиот туристички пазар, колку автентичните дестинации и исклучителни искуства се предизвик за новите патувачи, дали дестинациите ги пратат новите трендови и иновации во создавање нова вредност во туристичкиот пазар.

Заедничкото делување и регионалната соработка се исклучително важни, особено кога станува неопходност самоодржливоста. Свесни сме дека овој дел од Балканот има уникатен производ кој треба добро да го спакуваме и промовираме. Но, потребна е заедничка иницијатива и координација на сите инволвирани страни.

Бизнис конференцијата SEET 2018 се фокусира на препознавање на нови можности за зголемување на приходите на туристичкиот пазар на ЈИЕ, нови форми на поврзување и позиционирање на регионот како единствен туристички пазар, со посебен акцент на промовирање на приоритетните туристички дестинации, преку одржлив развој и конкурентност. Ова се рефлектира и во подобрување на туристичката инфраструктура, зајакнување на капацитетитево туризмот, истакнување на гостопримството на локалното население, поттикнување на свеста за потребата од зачувување на автохтоните вредности со оптимална валоризација на природно, културно и историско наследство, заштита на животната средина и системско подобрување на опсегот и квалитетот на целокупната туристичка понуда на регионот во целина.

Бизнис конференцијата SEET 2018 вообичаено собира над 400 делегати од ЕУ, Русија, Кина, Обединетите Арапски Емирати, Турција, земјите од ЈИЕ … меѓу нив се високи претставници на релевантните меѓународни организации и бизнис асоцијации, експерти во областа на одржливиот развој на бизнисот во туристичката индустрија, државни и локални владини претставници, образовни и јавни институции, како и носители на одлуки од водечките компании во областа на туризмот и сродни индустрии…

SEET 2018 е исклучителен бизнис настан со високи стандарди и одлична организација кој ги поврзува сите релевантни претставници на туристичката индустрија, поттикнува на создавање на модерна маркетинг стратегија за позиционирање на регионот во карактеристична и посакувана туристичка дестинација, која треба да обезбеди долгорочна профитабилност и одржлива конкурентност.

Во контекст на ова, директорот на Агенцијата за туризам Љупчо Jаневски на официјална покана од Антоанела Петович директор на Serbia In Your Pocket, денес ќе биде дел од панел дискусија Како со заедничко делување да го зголемиме бројот на туристи во регионот. Настанот се организира во Белград по повод лансирање на изданието Belgrade In Your Pocket. Панел дискусијата е собир на еминентни стручњаци на полето на туризмот од регионот кои ќе ја разгледаат можноста за поврзување на регионот и креирање на активни содржини кои би ги задоволиле префинетите вкусови на странските туристи што секако би влијаело во пораст на туризмот во целиот регион.